Моданиса


проект: Modanisa продавница затекстил

статус: изведен

клиент: приватен

површина: 130м2

локација: Стара Скопска чаршија

соработници: АндреаЈамакоска, Милка Черепналковска

година: 2013


Ентериерноторешени за Modanisa во Старата Скопска чаршија ја рефлектира идејата за нагласена едноставност и монохромност со цел доминација на продажните артикли, од една страна, и мистичност на исламските елементи и графички мотиви, од друга страна.

Преку употреба на полни и рефлектирачки материјали се поставува двојност на ентериерните елементи во просторот кои се потенцирани со динамичност во осветлувањето.

Специфичноста во ентериерот е создадена преку употребата на исламските мотиви кои се интерпретирани во преградните паравани во просторот.