Конкурс за Етно-село Пирго, 3та награда


проект: Етно село Пирго, Ново село, Струмица

статус: Конкурсен труд, третта награда

локација: Ново село, Струмица

автори: Ива Павловиќ Латас диа, Мартина Петковска, Мика Черепналковска

соработници: Илија Стефановски диа

година: 2014


Локацијата на етно-село Пирго претставува значајна точка во руралниот развој и туризам на Југоисточниот плански регион. Доминантноста на Беласица, дополнета со уникатноста на околните водопади ја дефинираат локацијата како неодминливо место во туристичкиот поход по неоткриени терирории.

Изразениот пад на теренот дефинира стратегија на формирање на новото етно-село долж неговите изохипси, претопувајќи се во дадената природна убавина. Историјата на локацијата и нејзината околина наведува на дефинирање на линии водилки кои ќе ја продолжат приказната за кули-показатели кои го поставуваат фокусот на самата локација.

Водени одовие параметри, предложеното решение претставува спој на две стратегии. Првата, ја препознава природата како доминантна и супериорна, и се наклонува кон неа, и по принцип на сличност се претпоува во неа. Втората, се инспирира од историската компонента на локацијата и дефинира јавни простори со обележја на кули во кои е сместена главната програма, и отворени простори кои овозможуваат непречено движење и рекреација на локацијата. Првата стратегија преовладува во полу/приватните простори, како сместувачките капацитети. Втората, преовладува во дефинирањето на јавните простори.

Главните правци на артикулитање на содржини произлегуваат од геометријата на самата локација. Со помош на овие линии-водилки, дефинирана  е првата главна зона-зоната на јавни содржини. Во неа, програмски се сместени винарија и винотека, ресторан и кафетерија, отворени и затворени површини за деца, простор за производство и продажба на ракотворби, како и серија на "кули" кои по својата висина развиваат програма во служба на амфитеатарот и администрацијата која раководи со комерцијалните и производни содржини. Последната кула од овој систем е опсерваторија на астролошко друштво, кое може да ги искористи благодетите на оваа локација.

Во јавната зона е сместен и амфитеатар за 400 гледачи кои се претопува во изохипсите на теренот, не нарушувајќи ја природата.

Дефиницијата на овој јавен сектор, морфолошки е постигната со употреба на систем на ѕидови со висини кои се движат од 2.5м - 5.5м и се слободно поставени на локацијата. Нивната функција е да ја формираат оваа јавна зона, но и да врамат погледи кон длабочината на локацијата и нејзината природа.

Капацитетите за сместување ја претставуваат полу/приватната компонента на локацијата. Тие посвојата форма, претставуваат трансформација на традиционалната Струмичка куќа, типологија  која е препознатлива и значајна за овој регион. Преку оваа трансформација се обезбедува сместување во хотелско/апартмански тип, со обезбедена приватност и атмосфера на едносемејно домување во природна околина. Материјализацијата е превземена од традиционалната Струмичка куќа, но и од самиот регион, со употреба на приземје во камен и дрвена конструкција која формира чардак на кат.

Населбатаза сместување е дефинирана по принцип на наклонување по изохипса, а сите куќи се поставени така да посетителите непречено уживаат во широките и долги погледикон планината  Беласица и новиот јавенпростор.

Овие две урбанистички компоненти на Јавен простор и Викенд наслба се поврзани со колско-велосипедски пат и систем на одделни велоспиедски и качувачки патеки.

Во самото етно-село, решението не прдвидува движење на автомобили, почитувајќи ја еко-компонентата и самоодржливиот карактер на локацијата. Пристигнувањето на посетителите со сопствен превоз завршува кај системот на ѕидини кои годефинираат Јавниот простор. Од таму, преку плоштадката е дозволено движење единствено на електричен автомобил кој врши дистрибуција на гостите кои преноќуваатна локацијата во Викенд населбата.

Оваа колкско-велосипедска патека всушност претставува дел од предвидената велосипедска патека, која овозможува посета на етно-селото по рутата на Железната завеса.

Во западниот дел на локацијата е предвидена патека за пешаци-качувачи, која допринесува кон спортско-рекреативниот карактер на самата локација и јазголемува групата на корисници на истата.

За да сите овие патеки и различни движења на различни групи на корисници имаат смисол, дефинирани се три кули-видиковци, кои претставуваа почетни односно крајни точки при посетата на етно-село Пирго. На двете нај оддалечени позиции поставени се две кули-видиковци како крајна точка за качување на велосипедистите или посетителите-пешаци. Од нив се дефинирани погледи кон околината кои се врамени во отвори во форма на арки.

Третата кула се наоѓа на самиот влез на локацијата, и го означува почетокот на ширење на програмата и понудата на идното етно-село Пирго.

Преку ваквото артикулирање на даденостите на локацијата и архитектонските елменти употребениво дефинирање на програмата, се овозможува целосно доживување на етно-селото Пирго.

Употребата на материјали и бои при дефинирањето на објектите укажува на експолатирање на природните и зададни локални богатства, па објектите се дефинираат преку дрвени и камени фасади. Предвидено е и поставување на ветерници на најповолните точки за генерирање на електрична енергија, нешто што ќе го направи етно-селото самоодржливо и уникатно во регионот.

Дефиниранисе и водени површини во вид на рибник и вештачко езерце кои ја зголемуваат енергетската ефикаснот и ја потенцираат природната компонента на самата локација.

Преку ваквата програмска зададеност и артикулирање на просторот се добива решение кое овозможува посета на етно-селото во текот на целата година, од различни групи на посетители и туристи кои се во потрага по природните и традиционални убавинина Македонија.