HOME AWAY FROM HOME


проект: Дом за стари лица

статус: во реализација

локација: Сопиште, Скопје

клиент: приватен

година: 2012

Објектот е адаптација на стар производен објект во Дом за стари лица, преку зајакнување, доградба и надградба на стариот објект. Неговата микролокација наведува на дијалог и наклонување кон природата, како предуслов за маскимален комфор на кроисниците.

Програмски, новиот објект нуди сместување на 35 лица и задоволување на сите активности предвидени за ваков тип на објекти. Посебен акцент е ставен на продирањето и достaпноста на надворешниот простор за дневни активности на сите корисници.

Надворешниот излед на објектот ги следи токму овие начела преку инкорпорирање на динамична кровна структура која е надополнета со употреба на природни материјали во фасадното обликување.