Ординации на Sante Plus Group


проект: SantePlus Group

статус: реализиран

локација: Скопје

површина:  165м2

клиент: Sante Plus Group, Turkey

година: 2012

 

Ентериерното решение за Sante Plus Group ја следи традицијата на квалитет и комфор кој е доминантен во сите здравствени објекти на групацијата низ светот. Почнувајќи од ова, новите ординации на клиентот овозможуваат максимална функционалност во користењето која е дополнета со имплементирање на бои и графики од Турската традиционалност, пренесени во современ контекст.

Програмски вертикално поделен на сервис за клиенти и медицински сервис, ентериерот овозможува дискретност и интимност во вршење на дејноста истовремено привлекувајќи и обзебедувајќи комфорт на своите корисници.