Фабрика на Еуропрофил


проект: индустриски објект „Еуропрофил“
статус: 
реализиран
локација: населба Пинтија, Скопје
површина: 780м2
клиент: Еуропрофил
соработници: Олга Делиџакова Клетничка д.и.а.
година: 2013


Производниот објект на фирмата Еуропрофил произлегува од идејата за функционалност и строга едноставност во типлогијата и формалната појавност, во склад со атипичната композиција на прозорските отвори и ахроматски дефинираната фасада.
Ваквата композиција оформува објект визулено сегментиран по својата вертикална осовина, акцентиран во различен колоритен третман и ритмичка дефиниција на фасадната обвивка.
Идејата за фасадната композиција произлегува од темата на бар-код, како ознака и печат на еден финален производ. Оваа идеја е дополнета со неспецифичната големина на прозорски отвори, кои формираат брисолеј ефект во ентериерот, создавајќи рефлексен бар код во истиот, при тоа не попречувајќи во одвивањето на самиот индустриски процес.
Резултатот од употреба на ваков модел е објект кој е препознатлив и забележан во својата околина.