Collider Activity Centar


проект: ColliderActivity Center за качувачки спортови

статус: Конкурсен труд

локација: Софија, Бугарија

година: 2013

 

Новиотобјект на Collider Activity Center за качувачки спортови е дефиниран како објект за спортски активности, но и локација за социјална интеракција и рекреација. Објектот е поставен како динамична структура која се отвара кон посетителите повикувајќи ги да го истражат целокупниот простор и да уживаат во ново-формираниот микрокосмос.

Наместо создавање на монолитна архитектонска структура која се набљудува од далечина, понуденото решение создава дисторзирана форма и програма, дефинирана преку рамка во која се одвиваат сите внатрешни активности.

Формално, објектот е дериват на линија која се прекршува и ги поврзува препознатливите референтни точки, со внатречен корисен простор од 12м, димензија доволна за одвивање на предвидените спортски активности. На овој начин, новиот објект создава периметар, дозволувајќи јавното да доминира над приватното. Објектот на моменти се симнува во однос на својата максимална висина, дозволувајќи природно проветрување и осветлување на внатрешноста од периметарот и создавајќи директен конттакт на внатрешноста со надворешноста. Висинската варијација дефинира врвови на новата структура, формално наговестувајќи качување, и динамична силуета која е различна од секој агол на согледување.

Дополнителна вредност на локацијата е серијата на плоштади, со акцент на главниот внатрешен плоштад, како континуирана шема на јавни простори, создавајќи прототип на прсотори за урбани активности.