Од 2011 година ТАКТИК aрхитектура ја развива идејата за проектирање и дизајн како алатка за истражување и иновација.

Со аналитичка посветеност, систематско планирање и естетика на едноставност, проектите на ТАКТИК aрхитектура претставуваат обиди за прочистеност и директен одговор на потребите на современото општество.
Нашата работа е дефинирана во обемот на архитектурата, урбанизамот и дизајнот.
За ТАКТИК aрхитектура проектирањето е предизвик за компонирање на визиите на нашите клиенти со очекуваниот и загарантираниот комфор на крајниот резултат.