COMPETITION ENTRY FOR FACULTY FOR COMPUTER SCIENCE SKOPJE



проект: Факултет за Информатички науки и Компјутерско инженерство
статус: 
Конкурсен труд, откуп
локација: Скопје
соработници: Горјан Венов, Мартина Петковска, Тоше Андонов
година: 2014

Универзитетскиот комплекс Св. Кирили Методиј претставува една од најзначајните референтни точки во градот. Дефиниран како центар на образование и прогрес, со својата препознатлива конфигурација и архитектура, создава еден цел систем на општествено живеење посветено на едукација и иновативност.

Новиот факултет за Информатички науки и Компјутерско инженерство е дефиниран да биде предводник на оваа идеја. Самата материја за која е конфигуриран овој објект наметнува современост и иновативност во својата појавност и дефинира јасна стратегија за следење на новите технологии и создавање на нови решенија карактеристични за ерата на Информатичкото Општество, во кое денес живееме.

Формалниот манир на предложениот објект е резултат на ваквото размислување. Конфигуриран како едноставен волумен каде интерната комуникација и размена на информации се императивни параметри, зградата се вклопува во зададениот контекст, нудејќи современост во својот израз и елементи со кои се поврзува со карактеристичното ткаење на Универзитетскиот комплекс. Зафаќајки го максимумот од својата развојна површина како резултат на густата застапеност на програмските сегменти, објектот е дефиниран како систем на јавни и полујавни простори, наменети првенствено за неговите корисници. Почнувајќи од нивото на приземје, дефинирана е главната препознатлива карактеристика, именувана како „внатрешна улица“, која го создава јавниот карактер на објектот и овозможува непрекината комуникација во истиот. Тангентно околу овој елемент се одвива програмското ткаење.

„Внатрешната улица“ е 'рбетот на новиот објект,семантички, програмски и конструктивно, која дефинирана како јавен простор, гоодржува објектот активен во текот на целиот ден. Постоењето на овој јавенпростор кој протекува низ целото приземје и се развива на катовите во систем нагалерии, создава нова типологија на објект за образование каде социјализацијатае предвидена и планирана, согласно трендовите во информатичкото работење.